Flying-V, енергетски ефикасниот авион со V-форма, наскоро би можел да биде развиен откако беше објавено дека холандската национална авиокомпанија KLM Royal Dutch Airlines ќе помогне во финансирањето на проектот, пишува CNN Travel.
Flying-V беше дизајниран од страна на Justus Benad, студент на Техничкиот универзитет во Берлин, а беше развиен од истражувачите на Технолошкиот универзитет Делфт во Холандија. Авионот, како што е најавено, има за цел да ја подобри одржливоста на патувањето со авион.
Во крилата, според футуристичкиот дизајн, се планира патничка кабина, резервоар за гориво и товарен магацин.
Текстот Се поизвесно производството на енергетски ефикасниот авион Flying-V е превземен од USB.mk.