Оригиналниот Benz Patent-Motorwagen, кој се смета за првиот автомобил на светот, настанал во 1885 година. Patent-Motorwagen е изработен од страна на Карл Бенц во 1885 година и бил продаден за тогашни 600 германски марки, што денес би изнесувало околу 3500 евра.
Пошироката јавност имала прилика да се запознае со првиот автомобил во јули 1886 година, а во наредните шест месеци биле произведени околу 25 примероци од ова возило.
Patent-Motorwagen за погон користел четиритактен бензински мотор со еден цилиндар кој го развил самиот Бенц.
Овој, своевремено револуционерен мотор испорачувал нешто помалку од 1 коњска сила при 400 вртежи во минута. За некои од подоцна изработените примероци на моделот се развиени помоќни погонски агрегати, чија сила изнесува помеѓу 1 и 2 коњски сили, благодарение на што автомобилот можел да се движи со брзина и до 16 километри на час.
Репликата која ја продава Mercedes-Benz е изработена во 2002 година како дел од повеќето копии на оригиналните возила, наменети за музејот на Mercedes.
Цената на овој автомобил не е јавно соопштена.
The post Се продава реплика од првиот автомобил на светот appeared first on USB.mk.