Седум милијардери вложуваат пари за бункери во случај на апокалипса. Решени да се спасат од апокалипсата, за која веруваат дека ќе се случи, милијардерите го одбрале Нов Зеланд како идеално место на кое можат да изградат бункери.
Како што пишуваат странските медиуми, седум милијардери од Силициумската долина одлучиле да инвестираат пари во огромен проект за опремување на бункери.
Она што е познато е дека тежината на бункерот изнесува 150 тони, а ќе бидат вкопани 3,5 метри под земјата.
Веќе е ангажирана и фирма која ќе ги гради – ,,Рајзинс С”, чиј што генерален директор е Џери Линч, а фотографија од нацртите како ќе изгледа проектот веќе се појави на социјалната мрежа Фејсбук.
Линч вели дека Нов Зеланд е избран како дестинација поради изолираноста на оваа територија.
,,Нов Зеланд не е ничиј непријател, не е мета во случај на нуклеарна војна, ниту пак на некоја друга војна. Тоа е место на кое луѓето можат да најдат засолниште”, објаснува тој.
Американската новинска агенција Блумберг наведува дека вредноста на проектот е 11,5 милиони долари, а милијардерите кои се подготвени за вложат пари за изградба на бункерите не сакаат да дадат изјави за медиумите.
Она што е познато е дека во бункерите ќе може да се влезе директно со јахта или авион.
Извор: Макфакс
Текстот Седум милијардери вложуваат пари за бункери во случај на апокалипса е превземен од USB.mk.