Сензационално откритие: Животот на Земјата пристигнал од вселената! (ВИДЕО)

Молекули на шекер, клучни во развојот на животот на Земјата, се пронајдени на два различни метеорити.

Откритието укажува на тоа дека животот на нашата планета се развил со „мала помош“ од вселената.

Едно од пронајдените соединенија е рибоза, клучна состојка на рибонуклеинската киселина (РНК), навел стручен тим составен од научници од НАСА и три јапонски универзитети.

Научниците посочуваат дека презеле вонредни мерки на претпазливост како би биле сигурни дека не е во прашање проста контаминација на примероците.

Меѓутоа, јаглеродните атоми пронајдени во молекулите на шекер од метеоритот се различни од оние кои вообичаено можат да се најдат на Земјата, се вели во студијата.

Експертите се надеваат дека своите откритија ќе можат да ги споредат со примероците од јапонската сонда „Хајабуса 2“, која успеа да слета и да земе примероци од астероидот Рjугу, а сега е на пат кон Земјата.

Научниците не пронајдоа шекери кои сочинуваат ДНК, но рибозата е клучна компонента на РНК, која веројатно прва се развила во еволутивната историја.

„Студијата го нуди првиот директен доказ за рибоза во вселената и внесување шекер на Земјата. Вонземјанскиот шекер можеби придонел за формирање на РНК на нашата планета што потенцијално довело до развој на животот“, изјави водачот на истражувањето Јошихиро Фурукава од универзитетот Тохоку.

Извор: Srbija Danas

Текстот Сензационално откритие: Животот на Земјата пристигнал од вселената! (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.