Северна Кореја денеска лансира две балистички ракети со кратрок дострел, соопшти јужнокорејската армија.
Тоа е седмипат како Северна Кореја лансира ракети по средбата меѓу севернокорејскиот лиер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп во јуни годинава.
Лансирањето на ракетите се случи по завршувањето на заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД.
Според јужнокорејскиот Совет за национална безбедност новото лансирање предизвика „силна загриженост“.
Советот апелираше до Пјонгјанг да престане со зголемување на воените тензии и да се врати на преговарачката маса со САД.
Текстот Северна Кореја повторно лансираше две ракети е превземен од USB.mk.