Шангај е дом на најдолгиот бетонски пешачки мост на светот изграден со технологија на 3Д-печатење. Тој е долг 26,3 метри и го проектирал професорот Xu Weiguo од Ксинхуа Универзитетот за дигитална архитектура во Пекинг.
Мостот е изграден од 44 издлабени 3Д-печатени бетонски единици, додека гелендерите се поделени на 68 единици. Компонентите на мостот се отпечатени од композитни материјали, кои содржат бетон армиран со полиетиленски влакна кои по структуралните карактеристики одговараат на конвенционалните материјали.
Моделот е направен за да ја демонстрира одржливоста на мостот и за да докаже дека може да ги издржи пешаците кои преминуваат и се задржуваат. За изградба на конструкцијата печатени се бетонски компоненти со две роботски „раце“ во времетраење од 450 часови.
Во мостотот е ставен и систем на следење и обезбедување податоци за вибрации на напрегнатите жици, деформации и промени. Резултатите ќе овозможат подобро разбирање на практичните карактеристики на новите бетонски материјали и структурните својства на 3Д-печатените компоненти.
Пешачкиот премин е правен според познатиот Zhaozhou мост во провинцијата Хебеј, во северниот дел на Кина и е еден од најстарите мостови.Тој премин е направен од плочи од варовник, а новата структура, која се наоѓа во областа Шангај Баошан, е создадена со современи градежни техники. Новиот мост не може да биде убав како неговиот претходник, но она што недостасува во естетиката се надополнува со технологијата – тој е произведен во само 450 часа и чини една третина помалку од стандардните мостови.
Првиот бетонски мост во светот на 3Д-отпечатоци беше отворен во Холандија во октомври 2017 година. Создаден од Технолошкиот универзитет во градот Гемерт, структурата е дизајнирана за велосипедисти и содржи околу 800 слоеви на бетон.
Текстот Шангај го доби најдолгиот 3Д-печатен пешачки мост во светот е превземен од USB.mk.