Луксузниот хотел „Интерконтинентал Шангај вондерленд“, кој речиси целосно се наоѓа под земја, односно во длабока јама на некогашен каменолом во југозападниот дел на Шангај, ќе биде отворен на крајот на оваа година.
Од вкупно 18 ката, два се наоѓаат над земја, додека 16 ката се под нивото на тлото, вклучувајќи и два ката под вода. Хотелот се простира на површина од 61 000 метри квадратни. Има 336 соби и апартмани со балкони од кои гостите ќе може да уживаат во спектакуларен поглед кон водопади.
Хотелот претставува невообичаен однос меѓу градот и природата, претворајќи напуштен каменолом во прекрасна атракција. Проектот на хотелот е дело на „Шимао груп“, а со него ќе управува една од водечките хотелски компании „ИХГ“.
Текстот Шангајско чудо – хотел со 16 ката под земја (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.