Елон Маск има необични навики кога станува збор за користење на телефон. Шефот на SpaceX и Теслa не се вбројува во оние луѓе кои по една до две години користење на смартфон бара совети како да го продолжи животот на својот уред…
Тој попрво ќе го распарчи на мали парчиња. Поради природата на својата работа, Елон Маск често ги менува паметните телефони, а кога тоа ќе го направи од стариот уред ги брише сите информации и физички го уништува.
Неодамно објавените документи од SpaceX потврдуваат дека во таа компанија постојат ригорозни мерки кога станува збор за безбедноста. Но, тие веројатно не важат само за ексцентричниот милионер “кој од забава лансира автомобили во вселената“.
„Од безбедносни причини, господинот Маск редовно го менува својот мобилен уред, а со стариот уред се фотографира, ги брише информациите и го уништува“ – пренесуваат од „Business Insider“.
Оваа официјална изјава објавена била во екот на спорот кој настанал поради британскиот возач Вернон Ансворт кој го тужел Маск, тврдејќи дека на Твитер го нарекол “педо лик“ и покрај тоа што овој подоцна се извинил и го избришал твитот.
Маск тој твит го објавил откако Ансворт рекол дека подморницата која шефот на SpaceX ја испратил со помош на спасителска екипа не би бил од помош како и дека таму се работи за обична самореклама.
“Господин Маск редовно го надоградува својот телефон, но и понатаму е принуден од безбедносни причини повремено да го менува“ – изјавил адвокатот на Маск, Алекс Спиро, истакнувајќи дека Маск тоа го прави поради “чувствителни интерни информации“.
Извор: B92.net
Текстот Што прави Елон Маск кога не испраќа автомобили во вселената? – Ги крши своите телефони! е превземен од USB.mk.