Марс има елиптична траекторија, која од Сонцето е одалечена 250 милиони километри (афел), но исто така се приближува на 207 милиони километри (перихел). Големата опозиција е моментот кога се поклопува опозицијата на планетата кога е тој во перихел на својата орбита. Опозиција е игра на геометрија, кога некоја планета е во опозиција тоа значи дека во тој момент Сонцето, Земјата и планетата се наоѓаат во ист правец. Опозиција може да има само кај надворешните планети, односно кај оние што се подалеку од Сонцето отколку од Земјата. Од истата причина постојат опозиции на Марс, Јупитер, Сатурн и др. Кај внатрешните планети: Меркур и Венера, немаме опозиција, туку конјукција. Во тој случај, Сонцето, внатрешните планети и Земјата се во ист правец, а Земјата не е повеќе во средина, туку на крајот од правецот.
Голема опозиција на Марс се случува на секои 15 години, бидејќи орбиталните периоди на Земјата и Марс се различни. Земјата за орбита околу Сонцето е потребно 365,25 дена, додека кај Марс за 687 дена. Ако се поделат овие два броја ќе се види дека на Марс му се потребни 1,88 пати повеќе време за орбита околу Сонцето. Најважната работа кај големите опозиции кај Марс е дека тој е привидно поголем низ телескоп од вообичаеното. Тоа е затоа што Марс е мала планета, има само половина радиус од Земјата и е во најповолна опозиција од се уште 57 милиони километри од нас. Привидниот дијаметар на Марс, од тие причини не е голем.
За да може да се видат детали на Марс, оваа површина на оваа планета може директно да се набљудува, потребен е поголем телескоп и поголемо зголемување. Марс во перихел опозициите се наоѓа ниско на летното небо на северната хемисфера. Планетата ќе се крева одвај 20-25° над хоризонтот. Последиците ќе бидат намалена острина, губење на детали, атмосферска рефракција и сл. Времето во лето е исто така проблематично затоа што поради загревањето доаѓа до големи амплитуди во дневните температури, што предизвикува дополнителни проблеми во атмосферата. Затоа, треба да се знае дека набљудувачката атмосфера е лотарија, а за да се победи во таа игра, треба да се игра.
Текстот Што се тоа големи опозиции на Марс? е превземен од USB.mk.