На секоја писта од која полетуваме или слетуваме постојат два броја чие значење ретко кој од патниците го знае.
Сигурно не сте имале можност да забележите дека на секоја писта се наоѓаат два броја од 1 до 35, секој на својата страна од пистата.
Така, пистата со бројот 09 означува исток (90°), пистата 18 означува југ (180°), пистата 27 е на запад (270°), а пистата 36 означува север (360°). На големите аеродроми може да се забележат и паралелни писти со ист број, така што тие добиваат добиваат и дополнителни букви L (лево), C (центар) и R (десно) зад секој број.
Аеродромите понекогаш може да ги променат овие броеви, како што се менуваат магнетните полиња, а со тоа и читањето на компасот. Затоа, отчитувањата се проверуваат на секои пет години.
Текстот Што значат броевите испишани на аеродромските писти? е превземен од USB.mk.