Швајцарски стартап создава батерија со најголема енерегетска густина (ВИДЕО)

Швајцарскиот стартап Innolith, специјализиран за батериски технологии оваа недела во својата германска лабораторија ја развива првата батерија на светот, која би имала енергетска густина од преку 1.000 Wh/kg. За споредба, батериите на Tesla моментно се гордеат со енергетска густина од околу 250 Wh/kg.

Ваквата батерија, велат од Innolith, би можела да им осигура на електричните автомобили автономија од дури 1000 километри – правејќи ги така споредливи со возилата погонети со класичните мотори со внатрешно согорување.

Освен што би имала рекордни, никогаш досега видени нивоа на енергетска густина, оваа револуционерна батерија би била и значајно поевтина за производство, поради исфралње на егзотичните и скапите материјали. Дополнително, решението кое го осмислија во оваа компанија не би било ниту запаливо како сегашните литиум-јонски батерии, кои можат да се најдат во автомобилите. Имено, би користеле незапалив неоргански електролит и така би биле првите литиум-јонски батерии на светот.

Развојот на овие батерии и натаму е во тек, а наскоро би требало да тргне и пилот производството, заедно со првите тестирања. За довршување на развојот и комерцијалазицијата, ќе им бидат потребни три до пет години. Но, уверни се дека тогаш ќе внесат вистинска револуција на пазарот на електрични возила. Сето ова, секако, звучи како приказните за напредокот на батериите кои ги слушаме со години, па оиради што тогаш приказните од Innolith се поинакви?

 

Текстот Швајцарски стартап создава батерија со најголема енерегетска густина (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.