Швајцарските научници пронајдоа начин како чоколадото да изгледа шарено – и тоа без додавање посебни состојки.
Истражувачи од Федералниот технолошки институт на Швајцарија открија метод за втиснување посебни структури на површината на чоколадото што би го направило посветкаво и „да сјае како виножито”.
„На тој начин, производот ја менува бојата како камелеон“, се вели во соопштението.
„Чоколадото виножито“ е подготвено за индустриско производство, а преговорите со големите производители на слатки се во тек.
Текстот Швајцарските чоколади отсега посјајни и шарени (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.