Според најновите научни мерења, Шведска во последните неколку години, поради забрзаното топење на мразот на планинскиот масив Кебнекаисе, го изгубила својот највисок планински врв, објави „Гардијан“.
„Ова е мошне јасен показател за сите во Шведска дека работите се менуваат“ рекла Гунхилд Нинис Росквист, географ од универзитетот во Стокхолм, која неколку години се занимава со мерење на нивото на мразот.
На крајниот север на Шведска, околу 150 километри внатре во Арктичкиот круг, се наоѓа масивот Кебнекаисе, кој има два врва- јужен и северен. Од кога почнале мерењата, од 1880 година, јужниот врв бил повисок. Но кога Росквист и нејзиниот тим ги објавија овогодинешните мерења, северниот врв бил повисок за 1,2 метри од јужниот и имал висина од 2.097 метри.
Според мерењата, јужниот врв бил висок 2.106 метри.
Во Шведска последните мај и јули беа најтопли месеци во историјата, со температури повисоки за 10 степени од просекот.
Текстот Шведска го изгуби својот највисок планински врв е превземен од USB.mk.