Innenco е кратенка за иновативен енергетски концепт и нивната визија е да креираат можности за изградба на структури кои нема да трошат енергија во целиот свет. Нивната технологија го менува начинот на којшто функционираат зградите за поголема енергетска ефикасност.
Се почнува со нивните системи од активни елементи. Во конструкцијата на зградата се интегрираат цевки за да се искористи термалната маса на зградата. Се додаваат и пумпи за греење и ладење со кои Innenco постигнува 4 до 6 пати поголема ефикасност при ладење и греење. На тој начин тие можат да ја намалат потрошувачката на енергија на зградите за 85%, па за да ги намалат и тие преостанати 15% додаваат соларни панели. Зградите кои имаат иснталирано систем на Innenco имаат природна внатрешна температура од околу 23 степени Целзиусови.
Innenco веќе го имаат тестирано нивниот концепт во реални услови. Нивните системи се инсталирани во домови, канцеларии, училишта и индустриски градби. Од компанијата велат дека кај индустриските градби се забележува најдобро искористување на термалната маса, па затоа веруваат дека оваа технологија уште подобро ќе функционира кај облакодери. Досега имаат работено во Шведска, Чешка, Шпанија и во Холандија, а допрва ќе работат на проекти во Турција и во Обединетите Арапски Емирати.
Текстот Шведски изум со кој секоја зграда ќе троши нула енергија е превземен од USB.mk.