Силен ветар ја собори новата тестна ракета на компанијата SpaceX

Прототип на новата голема ракета на компанијата SpaceX е соборен и оштетен од силни ветрови, во текот на тестирањата во јужен Тексас.

Од објавените фотографии на компанијата може да се види дел од ракетата соборена од ветерот, а според Елон Маск, за поправка ќе бидат потребни неколку недели.

Станува збор за прототип на ракетата Starship, претходно позната како BFR, летало од новата генерација која SpaceX ја развива за транспорт на товар и луѓе во орбитата, како и на Месечината, на Марс, па и подалеку.

Целиот систем се состои од две големи компоненти, голем ракетен бустер наречен Super Heavy и леталото Starship во кое  ќе се наоѓа екипажот.

По поправката на прототипот, ќе следуваат нови тестирања.

Извор: Klix.ba

Текстот Силен ветар ја собори новата тестна ракета на компанијата SpaceX е превземен од USB.mk.