Сингапур е првата земја во светот што забрани реклами за пијалоци што содржат шеќер. Одлуката доаѓа како додаток на мерките што земјата сака да ги преземе за борба против дијабетесот.
Забраната се однесува на „најздравите“ пијалоци со шеќер и ќе се однесува на сите платформи за медиуми – печатени, електронски медиуми и на интернет публикации, вели Едвин Тонг од Министерството за здравство на Сингапур.
Целта на забраната е да се ограничи потрошувачката на шеќер во земјата со слабеење на влијанието на ваквите реклами врз преференциите на потрошувачите.
Кон крајот на минатата година, властите во Сингапур спроведоа студија за да ги проверат ставовите на луѓето кон шеќерот во пијалоците. Како резултат на тоа, стана јасно дека 70% од испитаниците ја поддржуваат идејата за создавање нови правила за рекламирање.
Забраната може да вклучува безалкохолни пијалоци, сокови, јогурт и инстант кафе.
Министерството соопшти дека мерката е само почеток, а има испланирани и следни чекори – данок на алкохол или вкупна забрана за шеќер во газирани и безалкохолни пијалоци. Друга мерка предвидува обележување на пијалоци што содржат шеќер за да се наведе нивната хранлива вредност и содржината на шеќер
Текстот Сингапур е првата земја во светот која забрани рекламирање пијалоци со шеќер е превземен од USB.mk.