Системот за автоматско сопирање ги плаши возачите

Се почести се поплаките поради инциденти предизвикани од системот за автоматско сопирање.

Системот за автоматско сопирање може да го забави или целосно да го запре автомобилот за да се избегне судир, но понекогаш оваа функција има спротивен ефект, со што значително се намалува довербата на возачот во автомобилот.

 Системите со помош на возачот, како што се одржување на автомобилот во коловозната лента, прилагодливиот круз контрол и автоматското сопирање се дизајнирани да ги направат возилата побезбедни. Сепак, статистичките податоци покажуваат дека современите автомобили понекогаш може да сопрат, дури и кога не постои ризик од судир. Во последните три години, Управата за безбедност во сообраќајот на САД примила повеќе од 400 поплаки од сопствениците на Honda, Nissan, Volkswagen и други брендови против системот за автоматско сопирање.

Речиси сите поплаки се должеле на фактот дека автомобилите сопирале без апсолутно никаква причина – како по правило, на автопат. Има и такви кои тврдат дека дека системот за автоматско сопирање воопшто не функционира во итни случаеви.

Поради дефект на системот, 14 возачи изгубиле контрола и имале сообраќајна несреќа, додека 18 биле удрени од друг автомобил во задниот дел токму поради неглото сопирање без причина.

Едно е заедничко за сите поплаки – возачите тврдат дека автоматскиот систем за сопирање ги плаши и ја зголемува недовербата во автомобилот.

Извор: Додај Гас

Текстот Системот за автоматско сопирање ги плаши возачите е превземен од USB.mk.