По скоро 15 години активност, на 13 февруари НАСА ја прогласи несомнено успешната мисија „Истражувачки ровер на Марс“ за завршена. Исклучителниот дизајн на роверите Спирит и Опортјунити овозможи мисијата да трае многу подолго од првично предвидените 90 дена, велат од Скопското Астрономско Друштво.
На предавањето во четврток (21 февруари) во 20 часот во просториите на Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, од Скопското Астрономско Друштво најавуваат дискусија за целите и откритијата на мисијата која ги постави основите за тековните и идни истражувачки мисии на површината на Марс.
Цената за присуство на предавањето изнесува 100 денари, а за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).
Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето на влезот на амфитеатарот и не е потребна претходна најава, додаваат од Скопското Астрономско Друштво.
Текстот Скопското Астрономско Друштво организира “последен поздрав со Опортјунити“ е превземен од USB.mk.