Огромната пирамидална структура во Индонезија која може да претставува остатоци од антички храм, била скриена под земја повеќе од илјадници години, а доказите за нејзината извонредна конструкција беа презентирани месецов на годишниот состанок на Американската геофизичка унија (АГУ).
Структурата се наоѓа на врвот на планината Паданг во Западна Јава, археолошки локалитет кој бил откриен во почетокот на 19 век и има редови од антички камени столбови. Но, косиот “рид“ не е дел од природниот и карпест пејзаж, па така научниците откриле дека тој бил всушност направен од човечка рака.
Иако закопаната структура може површно да наликува на пирамида, таа се разликува од сличните пирамиди изградени од страна на Маите, изјавил за Live Science научникот Дани Хилман Натавиџаја, водечки истражувач на проектот при Индонезискиот институт за науки. Додека пирамидите на Маите имаат тенденција да бидат симетрични, оваа структура е издолжена, со што се чини дека таа има половина круг во предниот дел.
“Тоа е уникатен храм“, рече Натавиџаја. Тој и неговите колеги се сомневаат дека изложениот мегалит може да биде повеќе отколку што изгледа, бидејќи некои делумно изложени особини на постојната археолошка локација не сосема се совпаднале со стоечките камења.
“Тоа не е како околната топографија, која е многу еродирана. Ова изгледа многу младо, и нас ни изгледа вештачки“, додал Натавиџаја.
Користејќи низа техники за да ја разберат закопаната структура – вклучувајќи истражување со радар, томографија со рентгенски зраци, 2D и 3D слики и ископувања – истражувачите постепено откриле неколку слоеви од големата структура. Таа се простира на површина од околу 15 хектари (150.000 квадратни метри) и била изградена во текот на милениуми, со слоеви кои претставуваат различни периоди.
Текстот “Скриената“ пирамида во Индонезија најверојатно била антички храм е превземен од USB.mk.