Користејќи податоци од вселенскиот телескоп Хабл, астрономите искористиле револуционерен метод за откривање на темната материја во кластерите на галаксиите, пишува Science Daily.
Методот им овозможува на астрономите да ја набљудуваат дистрибуцијата на темната материја попрецизно од било кој друг метод кој се користи до денес и може да се искористи за да се истражи природата на темната материја.
Во последниве децении, астрономите се обидоа да ја разберат вистинската природа на мистериозната супстанца што го сочинува најголемиот дел од материјата во универзумот – темната материја – и да ја мапираат неговата дистрибуција во Универзумот.
Двајца астрономи од Австралија и Шпанија користеле податоци од програмата Frontier Fields на вселенскиот телескоп Хабл за прецизно проучување на дистрибуцијата на темната материја.
“Пронајдовме начин да ја видиме темната материја“, објаснува Миреа Монтес (Универзитет на Нов Јужен Велс, Австралија), главен автор на студијата. “Откривме дека слабата светлина во кластерите на галаксиите, всушност ја мапираат како се дистрибуира темната материја“.
Интракластерната светлина е нуспроизвод на интеракциите помеѓу галаксиите, а во текот на овие интеракции, индивидуалните ѕвезди се ослободуваат од нивните галаксии и слободно пловат во кластерот. Откако ќе бидат ослободени од своите галаксии, тие завршуваат каде што престојува мнозинството од масата на кластери, односно претежно темната материја.
Текстот Слики од Хабл откриваат како се распоредува темна материја е превземен од USB.mk.