Политичкиот коментатор Марк Расел еднаш се пошегувал: “Најмногу ми се допаѓа научната теорија што покажува дека прстените на Сатурн се целосно составени од изгубен авионски багаж“.
Но, излегува дека во нив сепак нема багаж. Нова студија покажува дека прстените на Сатурн, едни од најмаркантните визуелни објекти во вселената, имаат далеку посложена хемиска структура, отколку што претходно се претпоставуваше., пишува Science Daily.
Студијата исто така покажува дека D-прстенот на гасниот гигант со извонредна брзина исфрла зрна од прашина, обложени во својот хемиски коктел, во горната атмосфера на планетата. Во текот на долги временски рокови, истражувачите сметаат дека овој материјал може да ја промени содржината на јаглерод и кислород во атмосферата.
“Ова е нов елемент за тоа како функционира нашиот Сончев систем“, вели Томас Крејвенс, професор по физика и астрономија на Универзитетот во Канзас. “Две работи ме изненадијаа, едната е сложената хемиската структура на она што излегуваше од прстените – бидејќи мислевме дека тоа ќе биде речиси целосно според она што го видовме во минатото. Втората работа е неговата количина – која што е многу повеќе отколку што првично очекувавме. Без изненаден од квалитетот и квантитетот на материјалите што прстените ги испуштаат во атмосферата“.
Покрај вода, тимот на научници во кој учествува Крејвенс, открил дека овие прстените се составени и од метан, амонијак, јаглерод моноксид, молекуларен азот и јаглерод диоксид.
Текстот Сложената хемиска структура на прстените на Сатурн ја менува горната атмосфера на планетата е превземен од USB.mk.