Инженерите од Универзитетот во Синсинати во партнерство со воздухопловната база Wright-Patterson Air Force Base работат на креирање на облека која во идинина ќе може да ви го полни мобилниот телефон.
Она што го прави ова навистина можно, се уникатните својства на јаглеродните наноцевки: голема површина која е силна, проводна и отпорна на топлина. Колеџот за инженерство и применета наука има петгодишен договор со Лабораторијата за истражување на воените сили на САД за да спроведе истражување кое може да ги подобри воените технолошки апликации.
„Главниот предизвик е да се искористат овие прекрасни својства и да се искористи нивната сила, спроводливост и отпорност на топлина”, вели професорот Vesselin Shanov од Универзитетот во Синсинати.
Јаглеродните наноцевки наскоро ќе ја заменат бакарна жица во автомобилите и авионите за да ја намалат тежината и да ја подобрат ефикасноста на горивото.
Јаглеродот ќе ја филтрира нашата вода и ќе ни каже повеќе за нашите животи и тела преку нови биометриски сензори. Јаглеродот ќе го замени полиестерот и други синтетички влакна при производството на облека. И бидејќи јаглеродните наноцевки се најцрните предмети пронајдени на Земјата, апсорбирајќи 99,9 проценти од целата видлива светлина, може да се каже дека јаглеродот е новото темно.
Извор: Science Daily
The post Смартфоните во иднина ќе ги полниме од облеката appeared first on USB.mk.