Здравствените работници во Флорида предупредуваат за зголемена опасност од вирусот кој се пренесува преку комарци, познат како Источен кољски енцефалитис (EEE).
Неколку кокошки кои биле тестирани биле позитивни на вирусот кој може да се шири и меѓу луѓето преку инфицирани комарци, предизвикувајќи инфекција на мозокот и отоци, соопшти Одделот за здравство во округот Оринџ во Флорида.
Кокошките редовно се тестираат за вируси. Нивната крв може да покаже присуство на болестите, но тие не страдаат од ефектите на вирусите.
Според надлежните, зголемен е ризикот од пренесување на овој вирус на луѓето.Само околу седум случаи на вирусот ЕЕЕ кај луѓето се пријавени во САД секоја година, велат од Центарот за контрола на болести и превенција.
Сепак, болеста може да биде фатална: околу 30% од луѓето кои се заразени умираат. Многумина од оние кои ќе преживеат имаат невролошки проблеми.
Луѓето развиваат симптоми околу 4 до 10 дена откако ќе бидат каснати од инфициран комарец. Знаците на болеста се ненадејна главоболка, висока температура, треска и повраќање. Во некои случаи заболените чувствуваат и дезориентација, напади, кои можат да завршат со кома.
Текстот Смртоносен вирус кој го напаѓа мозокот е откриен на Флорида е превземен од USB.mk.