Микробиолози од НАСА соопштија дека во тоалетите на Меѓународната вселенска станица првпат се откриени пет вида бактерии отпорни на антибиотици и потенцијално опасни за луѓето.
Според порталот Science Alert, една од нив е „ентеробактер“, која вообичаено ги напаѓа пациентите со намален имунитет во болниците. Таа и другите видови бацили при тестирањата покажале мутирање и целосна отпорност на цефазолин, цефокситин, оксацилин, пеницилин и рифампин, а имаат различен степен на отпорност и кон други антибиотици.
За три од бактериите се претпоставува дека ги донеле астронаутите од Земјата. Сродството со земните супербактерии е веќе докажано.
Текстот Смртоносни бактерии забележани во Меѓународната вселенска станица е превземен од USB.mk.