Со помош на вештачка интелигенција имитираат гласови и прават измами

Експерти за компјутерска безбедност откриле необичен случај на употреба на вештачка интелигенција во шема за измама. Измамниците го имитирале гласот на директорот на компанијата користејќи систем на вештачка интелигенција и му наредиле на вработениот да префрли 220.000 евра на банкарска сметка.

Измамниците користеле комерцијален софтвер за генерирање гласови за да се претстават како директорот на германска компанија која има подружница во Велика Британија. Менаџерот на британска компанија мислел дека разговара со својот шеф и ги префрлил парите. Тој изјавил дека во ниту еден момент не се посомневал во гласот од другата страна. Со помош на уредот за симулација, вешто бил имитиран гласот на директорот, од начинот на комуникација, па дури и со мал германски акцент за да се постигне максимална сличност.

Парите се префрлени на еден од унгарските добавувачи на компанијата. Измамниците тогаш повторно се јавиле на друг директор, барајќи уште еден итен трансфер на пари. Овој пат, менаџерот на британска компанија се посомневал дека нешто не е во ред и одбил да ги префрли парите.

Текстот Со помош на вештачка интелигенција имитираат гласови и прават измами е превземен од USB.mk.