Употребата на сончевата енергија за производство на електрична енергија во автомобилите не е нова идеја. Производителите флертуваат со оваа технологија уште од 1950-тите, кога во Чикаго е претставен таканаречениот Sunmobile.
Сепак, никогаш не дошло до масовно усвојување на овие системи во автомобилската индустрија, кои се сметаат за прилично ексцентрични. Сепак, ова може да се промени, веќе во следната година.
Во почетокот на ноември, корејскиот конгломерат Hyundai-Kia, ги објави плановите за неколку модели кои се опремени со соларни панели, почнувајќи од 2019 година. Она што е важно е дека соодветните покриви ќе бидат достапни не само за хибридни и електрични модели, туку и за оние со мотори со внатрешно согорување .
Целта е во конвенционалните автомобили добиената електрична енергија да биде поддршка за процесот на согорување, што пак ќе донесе подобра ефикасност. Кога станува збор за хибридни и електрични возила, истите ќе имаат подобра автономија.
Што е решението на Hyundai
Корејците велат дека нивниот систем функционира само со три компоненти: соларни панели, контролна единица и батерија.
Соларните панели, се разбира, се задолжени да ја собираат сончевата енергија, контролерот се грижи за напонот и струјата со помош наMPPT технологија (Maximum Power Point Tracking), обезбедувајќи максимално производство на електрична енергија од соларните панели.
Оваа енергија потоа се конвертира и може или да се складира во батеријата на системот или може да се користи за потребите на автомобилот, односно за намалување на оптоварувањето на алтернаторот.
Од Hyundai велат дека ќе развијат три различни видови на соларни панели, посебно за секоја група возила: за оние со SUS мотори, хибриди и EV модели.
Целосниот текст може да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас
Текстот Соларниот покрив на Hyundai влегува во сериско производство во три категории е превземен од USB.mk.