Сонцето, Земјата и Јупитер денеска се во линија, при што ние сме насреде.
А, најголемата планета во Сончевиот систем е толку блиску до нашата, што најголемите јупитерови природни сателити, според познавачите, ќе може да се видат само со двоглед.
До денес, астрономите откриле 79 месечини на Јупитер, од кои 53 имаат имиња, а 26 сè уште чекаат да бидат официјално именувани. Ние од Земјата ќе можеме да ги видиме четирите најголеми, т.н. Галилејски месечини: Ганимед, Јо, Европа и Калисто.
Планетата е именувана по римскиот бог Јупитер. Најголемиот дел од масата на вселенското тело е составен од водород, а само една четвртина – хелиум.
Текстот Сонцето, Земјата и Јупитер се во линија е превземен од USB.mk.