Совршено „исечена“ санта мраз се одвои од гребен на Антарктикот

NASA објави фотографија од санта мраз која изгледа како некој совршено да ја исекол. Станува збор за природен феномен.

Ледената санта со остри агли и рамна површина е снимена како плута во близина на ледениот гребен Larsen C на Антарктикот.

Од NASA велат дека сантата веројатно неодамна се одвоила од гребенот и дека станува збор за појавата “табуларен глечер”.

„Страните изгледаат како да се исечени под прав агол бидејќи ветерот, морето и сонцето немале доволно време да влијаат на нив“, велат научниците од NASA.

Главна карактеристика на ваквите санти се рамните врвови, а се појавуваат кога ќе се скршат од поголема количини мраз од гребенот.

Необичниот глечер научниците го воочија во склоп на операцијата Ice Bridge низ која се следи топењето на мразот под влијание на глобалното затоплување.

Оваа операција ќе даде 3Д приказ на мразот од двата краја на Земјата за да можат да се следат промените кои се случуваат.

Извор: Klix.ba

 

Текстот Совршено „исечена“ санта мраз се одвои од гребен на Антарктикот е превземен од USB.mk.