Space X одреди каде е најдобро да се слета на Марс

Компанијата SpaceX  посочи три региони ета каде може да се реализираат мисиите за слетување на Марс. Главниот инженер на проектот – Марс, Пол Вустер, на конференцијата на SpaceX, изјави дека има четири можни места за слетување за нивните бродови на Црвената планета. Прво тоа е рамнината Утопија, потоа уште еден рамнински дел наречена Аркадија, регионот на Deuteronilus Mensae и планината Флагра. На овие места веројартно постои подземен мраз, и доволно е сончево за да се наполнат соларните батерии на вселенските бродови.

Првиот човек на SpaceX, Елон Маск, веќе подолго време најавува дека планирал да го почне проектот за колонизација на Марс, а првите летови треба да бидат испратени кон Црвената планета уште во 2022 година.

Според Вустер, првиот брод на SpaceX ќе подготви инфраструктурата за идната станица, и ќе започне со мисии на кои ќе се фокусира на подготовка на Марс за идната колонизација.

Текстот Space X одреди каде е најдобро да се слета на Марс е превземен од USB.mk.