Компанијата SpaceX чиј основач е Елон Маск, го истрела товарниот брод Dragon кон Меѓународната вселенска станица (МВС) со ракета Falcon од Флорида, соопштија американските медиуми.
Првиот степен на ракета успешно се спушти на платформа во Атлантскиот Океан, 22 км од брегот, многу поблизу од вообичаено, објави АП.
SpaceX не можеше да се воздржи од поврзување на денешниот ден со „Војна на ѕвездите“.
Dragon е сега и официјално на пат кон вселенската станица“, рече коментатор на лансирањето од компанијата кога капсулата стигна во орбита и сончевите панели се распоредија. „Догледање, нека силата биде со тебе!“, додаде тој.
Првиот степен на ракетата обично се враќа до „Кејп Канаверал“, но SpaceX расчистува по инцидентот на 20 април, кога се сруши празна капсула на пилотираниот брод Dragon.
Капсулата Dragon превезува 2,5 т товар – опрема, материјали за научни експерименти, вклучувајќи и алатка за следење на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата.
Капсулата е рециклирана – ова е нејзиниот втор лет.
Лансирањето задоцни неколку дена поради дефект прво на МВС, а потоа и на платформата за слетување во Атлантскиот Океан, наменета за спуштање на првиот степен на ракетата.
Товарниот брод Dragon ќе пристигне во МВС во понеделник.
Ова е 17-тиот лет на Dragon. Компанијата SpaceX доставува стока до МВС по договор со НАСА.
Текстот SpaceX го лансираше товарниот брод Dragon кон МВС (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.