SpaceX ја потврди аномалијата на капсулата Crew Dragon

Аномалијата на патничката вселенска капсула е забележана во текот на рутинските тестови на моторот во Кејп Канаверал.

Компанијата на Елон Маск, Space X ја потврди аномалијаѕа на својата патничка вселенска капсула Crew Dragon во текот на рутинските тестови на моторот во Кејп Канаверал на Флорида.

“Првите тестови успешно се завршени, но последниот тест резултираше со аномалија”, соопшти приватната американска компанија, не наведувајќи за каква аномалија станува збор.

Претходно за тоа извести Florida Today, кој објави дека над објектот е забележан портокалов чад.

Портпаролот на американските воздухополни сили изјави дека во инцидентот никој не е повреден.

Во соопштението се наведува дека тимовите на SpaceX ќе ги истражат сите околности на инцидентот и дека блиску соработуваат со партнерите во NASA.

Исто така, се вели дека поради тоа и се спроведуваат такви ригорозни тестови.

Овој инцидент би можел да ги одложи плановите за лансирање на астронаутите на Меѓународната вселенска станица ISS подоцна оваа година – најпрвин од американско тло од 2011. година, кога беше завршена Space Shuttle програмата.

Планирано е во јули SpaceX да ги превезе американските астронаути до ISS.

Текстот SpaceX ја потврди аномалијата на капсулата Crew Dragon е превземен од USB.mk.