Ракетата Falcon 9, чиј прв степен вчера полета рекорден петти пат, понесе во Земјината орбита уште еден „пакет“ од 60 сателити на Starlink консталацијата. Нив, според планот, би требало во орбитата да ги има дури 42.000, со цел секој агол на планетата да биде покриен со нивниот безжичен интернет сигнал.
Ова лансирање, освен рекордниот петти пат, го обележа и помал проблем – откажување на еден од деветте мотори Merlin 1D, кој поради тоа не успеа прецизно да слета на автономната платформа во Атлантскиот океан. Ова беше шесто лансирање на Starlink сателитите, кои сега ги има вкупно 360 во орбитата.
До крајот на годината, планирани се уште намалку три слични лансирања, па бројот би требало да им се искчаи на 540, иако првите планови говореа дека само оваа година би требало да бидат лансирани преку 1500 сателити. SpaceX ги произведува во темпо од шест – на ден. Помеѓу 400 и 800 сателити доволно е да се покренат услугите за пристап на Интернет.
Successful deployment of 60 Starlink satellites confirmed pic.twitter.com/GZq8sUQ2TP
— SpaceX (@SpaceX) March 18, 2020
Текстот SpaceX лансираше уште 60 Starlink сателити (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.