SpaceX успешно го тестираше топлотниот штит на Starship (ВИДЕО)

Елон Маск е одлучен во намерата да отпатува на Марс и да се врати дома, а за тоа е потребно вселенското летало повторно да влезе во атмосферата на Земјата. За тоа да се случи треба да издржи огромна топлина, па затоа SpaceX го тестираше топлотниот штит на Starship.

Маск на Twitter наведе дека Starship ја издржал температурата од 1.650 Келвини, а неговиот хексагонален облик му помогнал да ја спречи евентуалната штета од топлината.

Според Маск, бродот мора да биде подготвен за нов лет веднаш по слетувањето. Затоа ќе биде додадено ладење на подрачјата на кои се наоѓа ерозија на штитот. Станува збор за дополнително ладење со ослободување на вода и на метан.

Тестирањето на топлотниот штит беше целосно успешно, па Маск сега е чекор поблиску до патувањето на Марс. Тој смета дека тоа ќе се случи во 2024 година, доколку се разбира, сè оди според планот.

Извор: Klix.ba

Текстот SpaceX успешно го тестираше топлотниот штит на Starship (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.