Во подрумот на стадионот на овој лондоснки фудбалски клуб е сместен голем систем на батерии, чија основна намена е заштеда на енергијата.
Еден од најголемите фудбалски стадиони во Велика Британија доби систем на литиум-јонски батерии, со кои целиот погон на ова здание ќе стане еколошки поприфатливо и економски поисплатливо. Имено, во подрумот на стадионот Emirates на популарниот фудбалски клуб Арсенал сместен е голем батериски склоп со доволен капацитет со електрична енергија да го напојува целиот стадион за време на еден фудбалски натпревар.
Во тие 90 (или повеќе) минути, вградените батерија со сила од 3 MW би требало да ги снабдуваат сите системи, од осветлувањето па натаму. За почеток, во употреба ќе биде 2 MW сила, додека остатокот ќе биде пуштен во употреба следното лето. Конечниот капацитет на инсталираните батерии ќе биде 3,7 MWh, а системот ќе зазема 180 метри квадратни простор.
Our new storage system will store enough power to run the Emirates for 90 minutes ⚡️ https://t.co/KHpeS3bj8D
— Arsenal FC (@Arsenal) November 26, 2018
Батериите се поставени во соработка со долгогодишниот партнер на клубот од Северен Лондон, компанијата Octopus Energy. Стадионот на Арсенал веќе сега во целост е напојуван со енергија од обновливи и еколошки извори, односно од соларните погони и електрани на биомаса. Новиот батериски систем ќе овозможи складирање на електрична енергија во периодите кога е најевтина и потоа нејзино користење во периодите на поголема потрошувачка, како што се фудбалските натпревари, или пак за стабилизација на градската електроенергетска мрежа. Очекуваниот век на траење на овие батерии изнесува 15 години.
Покрај овој најнов потег, Арсенал веќе со години работи на тоа да истава што е можно помал отпечаток од јаглен и нивната работа да не ја загадува околината. Па така, на пример, рециклираат 80 проценти од својот отпад, што на стадионот се собира за време на натпреварите, а целата отпадна храна од стадионот заминува во погоните на електраните, каде како биомаса се користи во процесот на добивање на електрична енергија преку процесот на анаеробна бактериска дигестија.
Текстот Стадионот на Арсенал има батерии што можат да издржат цел натпревар е превземен од USB.mk.