Старата железничка станица ќе се возобнови со комплексот Лимак Diamond

Скопје ќе добие ново место за квалитетен урбан живот што ќе ја поддржи и унапреди таа позната скопска потреба од „живеење со многу салтанати“.

Просторот околу старата железничка станица долги години бил центар на на скопските случувањата. По него Скопје било препознатливо, а од тука започнувале патувањата, средбите со различни култури и народи. Од тука започнувало познатото скопско “корзо” кое продолжувало до Ристиќевата палата, камениот мост и старата турската чаршија. На овој простор карактеристичен со својата автентичност со години се чувствувала размената на енергии и мешањето на различните култури, религии и народи што поминале низ овие простори. Во таа смисла Старата железничка станица, сегашен Музеј на град Скопје е симбол кој потсетува на отвореноста на Скопје да ја прифати различноста, промената, солидарноста и пријателството, потсетувајќи со својот сегашен изглед на големиот земјотрес од 1963 година.

Старата железничка станица е отворена во 1873 година, а му служела на градот повеќе од шест децении. Дело е на српскиот архитект Велимир Гавриловиќ и важела за една од поубавите железнички станици во Европа. Имала капацитет од 24 воза со околу 1.000 патници дневно што одново реферира на Скопје како една од главните балкански сообраќајници. Денес, Станицата и часовникот над главниот влез застанат во 5.17 часот, стојат како споменик на трагичниот момент на скопската историја, претставувајќи еден од најмаркантните градски симболи и урбани топоними, влезени во животите на многу скопјани.

А токму околината на овој простор со години наназад е несредена, неурбанизирана, избегнувана од граѓаните на Скопје. Простор кој е во централното градско јадро, а зјае празан, и го нагрдува целокупниот изглед на овој дел од Скопје.

Но, наскоро на ова место, Скопје ќе добие нова урбана компонента која ќе му овозможи одново поврзување на оската север-југ и исток-запад и ќе стане ново културно обележје и симбол на „новото Скопје“. До 2021 година, овој дел од градот повторно ќе ги вклучи луѓето од Скопје, но на сосема поинаков начин. Околината ќе се обнови, но сепак ќе ги вклучува главните симболи на минатото.

На овој простор отсекогаш се чувствувала размената на енергии и мешањето на различни тенденции, религии и народи, така што заживување на овој дел од градот кој со децении беше во мирување ќе значи многу. Со новата, функционална, а истовремено и естетски возбудлива архитектура и ова ново комплексно, хармонично архитектонско дело, Скопје ќе добие европско, актуелно собиралиште, кое ја реактуелизира разбирливата архитектура и ја обновува врската со пејзажот и контекстот на Старата железничка станица, отворените простори, циркулацијата на движењето, визурите и амбиентот што го опкружува. Комплексот ќе има резиденцијален дел, трговски центар, хотел, простор за културни активности сместени во Музејот, места со фина храна, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет од околу 3.000 автомобили.

Комплекс го гради турската корпорација Лимак една од најголемите градежни компании во светот, која има успешно реализирано проекти во вредност од над 7 милијарди УСД, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, брани, автопатишта, хидроцентрали, гасоводи и други енергетски објекти, како и хотели, станбени комплекси. Лимак се најде и на листата на најголемите градежни компании, според Engineering News-Record. Новиот аеродром во Истанбул, изградбата на мостот во Чанаккале, Интернационалните аеродроми во Кувај и Волгоград-Русија, се само дел од поголемите проекти успешно реализирани од Лимак. Компанијата е исто така една од клучните во дситрибуција на енергија, производство ан цемент, како и во сегментот на туризам.

Комплексот кој го гради Лимак е комплексен. Ќе вклучува и тунел со 6 коловозни ленти кој ќе ги спојува примарните градски сообраќајни јазли, на површина од 325,000 квадратни метри. Дополнително, комплексот ќе обезбеди над 2800 паркинг места во самиот центар на градот.

Текстот Старата железничка станица ќе се возобнови со комплексот Лимак Diamond е превземен од USB.mk.