SpaceX спроведе уште еден успешен тест на новата ракета наречена Starhopper во американската сојузна држава Тексас.
Ракетата Starhopper достигна најголема висина досега за време на тестот и потоа се врати на површината. Овој тест лет имаше за цел да демонстрира можност за контролирано полетување и слетување и го отвори патот за поагресивно тестирање во наредните месеци.
Овој тест инаку се нарекува „скок“ и тој беше успешно изведен од страна на Starhopper, прототипот на новата ракета Starship. Прототипот е опремен со еден главен мотор, кој за прв пат леташе на 25 јули, достигнувајќи висина од само 18 метри над земјата. Овој пат ракетата достигна импресивна висина од 150 метри. Тој лебди на таа надморска височина за една минута, а потоа полека слета на земјата со помош на мотор.
Starhopper се користи за тестирање на дизајнот на идната ракета Starship на SpaceX, која ќе се користи за испраќање на луѓето во вселената, до Месечината и на Марс.
Starship ќе биде висока 55 метри и ќе биде лансиран од Земјата со помош на ракетата Super Heavy. Кога станува збор за другите светови, таа ќе слета исправено со своите мотори, слично на слетувањето со Falcon 9. Подоцна таа ќе може повторно да полетува и да се врати на Земјата.
Текстот Starhopper на SpaceX успешно го заврши тест-летот е превземен од USB.mk.