Суперсоничното летало на NASA, X-59 во последна фаза на производство

Суперсоничното летало на Вселенската агенција NASA, сега веќе познато како X-59 QueSST влезе во последната фаза на склопување и интеграција на системот, а би требало да се заврши до 2020. година, и тоа со имплементација на eXternal Visibility системот во кабината на леталото.

Експертите уште еднаш би требало да се соберат кон крајот на следната година, за да го одобрат првиот лет планиран за 2021. година. Тоа воедно би била и завршница на финалната фаза, што значи дека NASA би добила ново големо пилотно летално по цели три деценции пауза. Се работи за експериментален авион, кој е дизајниран да лета побрзо од звукот, а без пробивање на звучниот ѕид. Задача на новото летално ќе биде и да собира податоци додека лета над одредени територии, а се работи за информации кои би требало да ги овозможат суперсоничните комерцијални летови во иднината.

Конструкцијата на X-59 QueSST леталото чинела нешто повеќе од 247 милиони долари, а за деловите се задолжени различни компании, што е важно, бидејќи така никој нема увид во комплетните планови за реконструкција на леталото.

 

Текстот Суперсоничното летало на NASA, X-59 во последна фаза на производство е превземен од USB.mk.