Шатлот на американските воздухопловни сили X-37B цели 600 денови помина во вселената во тајна и мистериозна мисија. Обликот и некои карактеристики на леталото потсетуваат на вселенскиот шатл на NASA, но за разлика од него, овој на американската војска е четирипати помал. Изграден од Boeing само знаеме дека е долг 8,8 метри и широк 2,9 метри и има распон на крила од 4,6 метри.
Има товарно тело со големина на пикап камион, а кога е во орбитата на Земјата, може да се отвори и да извади некои инструменти. Истиот модел е користен за неколку совршено успешни вселенски мисии. Но, тоа не е шатл кој носи астронаути, туку непозната опрема, која е во воени цели.
Доволно е да се каже дека X-37B постојано лета над области како Иран и Северна Кореја. Американските воздушните сили за овој шатл велат дека има повеќе цели. Од она што е објавено, една од нив е експериментирање со технологија за еднократно користење во вселенски летала.
Текстот Тајниот шатл на американската војска помина 600 денови во вселената е превземен од USB.mk.