Тел Авив ги презеде првите чекори кон обезбедување помош за пешаците кои не тргаат поглед од нивните паметни телефони, со вградување на ЛЕД стоп-светла на пешачките премини.
Во понеделникот општината инсталирала т.н. „зомби-семафори“ за да ги минимизира несреќите меѓу возилата и невнимателните пешаци на пешачките премини, објави агенцијата АП.
Томер Дрор, шеф на одделот за управување со сообраќај во општината Тел Авив-Јафа, вели дека целта е да се намалат несреќите предизвикани од пешаците кои се премногу фокусирани на своите паметни телефони, а помалку на случувањата и сообраќајот околу нив.
Слични системи веќе се користат во Австралија, Сингапур и Холандија.
Засега, пилот-програмата е ограничена на една крстосница во централниот дел на Тел Авив, но од општината велат дека ќе ги прошират „зомби-семафорите“ доколку се покажат како ефикасни.
Текстот Тел Авив постави семафори со ЛЕД-светла за оние кои не тргаат поглед од телефоните е превземен од USB.mk.