NASA објави фотографии од комета која ја нарекоа 2Л/Борисов, а била снимена од вселенскиот телескоп Хабл. Во моментот кога е фотографирана кометата 2Л/Борисов била оддалечена 326 милиони километри од Земјата.
Кометата 2Л/Борисов првпат е забележана во август од кримски астронаут аматер, по кого и кометата го добила името.
Од тогаш научниците ја фотографираа кометата како се приближува кон Земјата за подобро да ја видат.
– Хабл ни дава најдобра слика за кометата, но и големината на јадрото, изјави Дејвид Џевит, професор за планетарна наука и астрономија на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес чиј тим има снимено најдобри и најостри фотографии од кометата.
Научниците утврдија дека ова е втор меѓуѕвезден објект, за кој се знае дека го посетил нашиот Сончев систем, по познатата комета Омуамуа која била прва комета која влегла во нашиот соларен систем.
Текстот Телескопот Хабл сними мистериозен објект е превземен од USB.mk.