Најпознатиот вселенски телескоп на NASA, Кеплер засекогаш престана да работи, соопшти американската вселенска агенција.
Kepler откри 70 проценти од вкупно 3.800 вонземски светови, а сега конечно остана без гориво во вселената.
Бидејќи нема гориво, најлегендарниот телескоп во историјата нема да може веќе да ги проучува вселенските тела и да праќа податоци назад на Земјата, а тоа значи дека ова е крај на неговата речиси еднодецениска работа.
„Кеплер нѐ научи дека планети има насекаде и дека се неверојатно разноврсни. Тој го смени начинот на кој го гледаме ноќното небо“, изјави Џеси Дотсон од NASA за Space.com.
Крајот на Кеплер не беше неочекуван, бидејќи со месеци работеше на резервно гориво. Контролата на мисијата успеваше со помош на sleep mode да го продолжува оперативниот живот на телескопот, но ова е дефинитивен крај.
Иако Кеплер „ги затвори очите кон вселената“, зад него се 2.900 откритија, односно кандидати за егзопланети што ги забележал досега.
Текстот Телескопот на NASA, Кеплер засекогаш престана со работа е превземен од USB.mk.