Tesla Cybertruck ќе служи и како туристичка атракција

Полицијата на Дубаи ќе го набави електричниот пикап Cybertruck на Tesla кој ќе патролира во туристичките квартови.

Вљубениците во спортските автомобили веќе долго време им завидуваат на полицајците од Дубаи, односно на возниот парк на полицијата од еден од најпопуларните градови на Блискиот исток.

Porsche 918 Spyder, Bugatti Veyron, Aston Martin One-77, Lamborghini Aventador и Audi R8 се само некои од најпопуларните модели кои се дел од возниот парк на полицијата од Дубаи, а сега полицајците ќе добијат нова „играчка“, станува збор за електричниот пикап на Tesla со „контроверзен“ изглед – Cybertruck.

Полицијата од Дубаи на Твитер објави фотографија од Cybertruck во боите карактеристични за нивната служба.

Сепак, полицајците од Дубаи ќе треба да почекаат најмалку до 2021-ва година кога ќе започне производството на пикапот на Tesla.

Извор: B92.net

Текстот Tesla Cybertruck ќе служи и како туристичка атракција е превземен од USB.mk.