Втора година по ред, Tesla ќе биде генерален спонзор на хакерскиот натпревар Pwn2Own. Американскиот производител на електрични возила ќе подели награди во вредност од околу 1 милион американски долари на оние кои ќе успеат да ги пробијат системите за заштита во неговите модели.
Овој пат организаторот на натпреварот – Zero Day Initiative, решил да ја усложни задачата на учесниците. Тие ќе треба да пробијат неколку подсистеми, кои претставуваат три нивоа на заштита во автомобилите на Tesla.
Првата фаза е најсложена, а хакерите ќе треба да создадат код со кој ќе добијат целосен пристап до Autopilot системот, а исто така и да го поминат системот VCSEC (Secondary Controller Secondary) кој е одговорен за заштита од упад во салонот и да влезат во централната база на податоци Gateway. Кој ќе успее да го стори тоа, ќе добие награда од 500.000 американски долари и нов Model 3.
Премијата за втората фаза е поскромна, како и самата задача. Хакерот ќе треба да се пробие во мултимедијалниот систем, Autopilot системот или системот CAN кој ги контролира гумите на електричните возила. Максималната награда за оваа задача е 100.000 американски долари.
Конечно во третата фаза, учесникот треба да пристапи до мултимедијалниот центар со помош на USB стик, да го исклучи автопилотот и да го „хакне“ клучот или апликацијата во паметниот телефон која го заменува. Наградата во овој случај не е кеш, туку нов Model 3.
Извор: Додај Гас
Текстот Tesla дава милион долари на хакери е превземен од USB.mk.