Американскиот произведувач на електрични возила, Tesla, со властите во Шангај, потпиша договор за изградба на фабрика со капацитет од половина милион автомобили годишно.
Фабриката, која ќе има официјален назив „Gigafactory3“, ќе се наоѓа во Линганг, во близина на шангајската зона за слободна трговија.
Погонот на Tesla ќе биде прва фабрика од ваков вид во Кина, која во целост ќе биде во сопственост на странска компанија и најверојатно најголема инвестиција во шангајскиот производен сектор.
Меморандумот, кој го потпишаа двете страни, предвидува дека во рамките на оваа нова „гигафабрика“, ќе се одвиваат сите дејности, од развојно-истражувачки активности, до производство и продажба, пренесуваат кинеските медиуми.
Изградбата на фабриката, треба да започне во текот на првите неколку месеци од 2019 година.
На потпишувањето на договорот присуствуваше и првиот човек на Tesla, Елон Маск, кој во минатото ја критикуваше политиката на кинеските власти, според која одредени странски произведувачи на автомобили, ако сакаат да изработуваат возила во Кина, тие најпрво ќе мораат да основаат заедничка компанија со домашни партнери, кои ќе имаат учество од 50:50, а потоа ќе можат да градат своја фабрика.
Кина, во меѓувреме најави дека планира во 2022 година да го укине овој пропис, поврзан за компаниите кои изработуваат автомобили со алтернативни погонски системи, како електрични, што ќе овозможи Tesla самостојно да ги прави своите модели во таа земја.
Кога фабриката во Шангај ќе започне со работа, цените на автомобилите на Tesla во Кина ќе бидат значително пониски, што ќе доведе до раст на продажбата во таа земја.
Извор: B92.net
The post Tesla годишно ќе прави 500.000 автомобили во Кина appeared first on USB.mk.