Францускиот производител на автомобили Renault планира да го засили своето присуство на пазарот на електрични автомобили
Renault во моментов е конкурентен само во сегментот на мали EV модели со Zoe, па токму затоа планира да стане конкурентен и со поголем модел, односно во сегментот каде сега неприкосновен владетел е Tesla Model 3.
Развојот на Renault ќе биде многу олеснет поради партнерството со јапонскиот Nissan, чиј модел Leaf е еден од најпродаваните автомобили на пазарот на електрични автомобили.
Моделот Zoe не е единствениот модел со кој Renault има искуство на пазарот на електични автомобили. Во Кина го продава ценовно прифатливиот кросовер К-ZE, кој е базиран на индискиот модел Kwid.
Следната година, Renault ќе лансира нова генерација на Zoe, за која тие очекуваат да забележат добра продажба поради предвидената цена од 24.000 евра.
Според најавите, францускиот гигант планира да промовира осум електрични модели во својата гама до 2022 година.
Извор: Додај Гас
Текстот Tesla Model 3 добива ривал и од францускиот Renault е превземен од USB.mk.