Независната европска агенција за безбедност тестираше неколку нови модели кои неодамна се појавија во Европа, меѓу кои и американскиот електричен седан.
Резултатите велат дека Model 3 го има еден од најдобрите резултати досега, велат од организацијата. Само по себе, тоа што електричниот седан на Tesla добил максимални 5 ѕвезди не е нешто посебно, бидејќи и многу други нови модели на автомобили исто така имаат максимален број на ѕвезди. Но кога ќе се погледнат резултатите од тестовите по категории, може да се види колку е вреден резултатот на Model 3.
Имено, седанот на Tesla има резултат од 96% кога станува збор за безбедноста на возрасните патници. Единствениот автомобил кој има постигнато таков висок резултат е Mercedes A-класа (прогласен за најбезбеден модел во 2018 година од EuroNCAP).
Што се однесува до системите за асистенција, Tesla Model 3 скоро и да нема конкуренција. Со резултат од 94% е далеку пред сите ривали, вклучувајќи го и споменатиот Mercedes А-класа, кој во 2018 година, кога критериумите беа и нешто „поблаги“, имаше резултат од 75%.
Кога станува збор за заштита на децата – патници, електричниот седан на Tesla има резултат од 86%, што е исто така одличен резултат иако за 5% понизок од оној на Mercedes А-класа во 2018 година. Нешто послаб e резултатот на Model 3 во областа на заштита на пешаците, 74% (резултатот на Mercedes А-класа во оваа категорија е брилијантен – 92%).
Извор: Додај Гас
Текстот Tesla Model 3 е еден од најбезбедните автомобили во светот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.