Во пресрет на премиерата на новиот модел на Tesla, кросоверот Model Y, аналитичарите лицитираат за можниот ценовен опсег.
Како што пренесуваат американските медиуми, Model Y треба да чини најмалку 10.000 долари повеќе од најевтината верзија на Model 3.
Со оглед на тоа што „пристапната“ верзија на најпопуларниот модел на Tesla се започнува од 35.000 долари, тоа значи дека почетната цена за Model Y ќе биде 45.000.
Сепак, како и секогаш кога станува збор за Tesla, најверојатно прво ќе биде достапна најскапата опција, а според аналитичарите максималната цена за тој Model Y би стигнала до 85.000 долари.
Минатата година, во САД се продадени 1,4 милиони SUV возила во ценовен ранг од 40.000 до 90.000 долари.
Премиерата на Model Y е во четврток попладне.
Текстот Tesla Model Y ќе биде 10.000 долари поскап од Model 3 е превземен од USB.mk.