Tesla развива батерија која ќе може да издржи 1,6 милиони километри

Американскиот производител сака да ја достигне магичната граница од милион милји.

Компанијата Tesla работи со тим од физичари од канадскиот Универзитет Далхаузи на новата генерација литиум-јонски батерии кои ќе бидат значајно подолготрајни од постоечките.

Истиот извор наведува дека двата партнери кон крајот на 2019-та година ја заштитиле технологијата за нова батерија, која, како што рекол Елон Маск во април минатата година, ќе може да издржи 1,6 милиони километри, односно милион милји возење.

И иако овие батерии не се толку значајни за просечниот купец на автомобили во САД, тие ќе бидат посебно важни за електричните камиони во САД кои минуваат голема далечина и колометража во текот на својот работен век.

Имено, таквите камиони минуваат 150.000 милји годишно. Батериите од 100 kWh, кои Tesla моментално ги користи во Model S и Model X, можат да издржат меѓу 1.000 и 2.000 циклуси на полнење и празнење, додека според патентот кој е заштитен на 26-ти декември минатата година, новите батерии ќе задржат дури 90 проценти од почетниот капацитет по 4.000 циклуси, а по 1.000 циклуси ќе изгубат само 5% од вкупниот капацитет.

Иако многу произведувачи на автомобили ги фаворизираат таканаречените “solid state” батерии за електричните возила на иднината, овој патент покажува дека Tesla и Елон Маск и натаму и даваат предност на литиум-јонската технологија.

Извор: B92.net

Текстот Tesla развива батерија која ќе може да издржи 1,6 милиони километри е превземен од USB.mk.