Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп лет од Њујорк до Сиднеј и прв тест како толку долги летови влијаат на човечкото тело.
Квантас QF 7879 со 49 патници, полета од аеродромот во Њујорк „Џон Ф. Кенеди“ во петокот ноќта и по изминати 16.200 километри, утрово слета на сиднејскиот аеродром „Кингсфорд Смит“.
Следниот месец, компанијата планира да тестира нон-стоп лет од Лондон до Сиднеј.
Ниту еден комерцијален лет досега немал толку долга рута на летање без прекин, со патници и багаж.
Квантас го пренамени новиот Боинг 787-9 „Дримлајнер“ за долг лет со максимално гориво и помал број патници, ограничен багаж и без карго, за да овозможи авионот да лета без прекин.
Текстот Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.