Главните технолошки трендови во автомобилската индустрија се понапредните екрани на допир, „црните кутии“ и новите системи за безбедност во автомобилите, V2X комуникацијата, автономното возење, како и услугата Car Sharing или „споделување на автомобилите“.
Екрани чувствителни на допир
Оваа технологија станува стандард на пазарот и веќе е вообичаена кај современите возила. Во моментов, потрошувачите очекуваат LCD екраните да бидат со висока резолуција.
Во наредните години, стандард ќе биде користењето на шофершајбната како главно место за прикажување на сите информации, односно решението наречено Head-Up дисплеј (HUD). Ова ќе им овозможи на возачите да управуваат со автомобилот и истовремено да ги проверат податоците без да ги тргнат очите од патот, што ќе ја зголеми безбедноста и на возачот и патниците.
Користејќи ја технологијата за проширена реалност, на шофершајбната ќе се прикажуваат информации и предупредувања за настани во сообраќајот, како што се пешаци кои се движат по патот, или одржување на безбедно растојание од другите возила.
„Црни кутии“ и нови системи за безбедност во автомобилите
Новите правила за системите за безбедност на возилата (во моментов ги развива Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите во Европскиот парламент) ќе стапат во сила најдоцна до 2022 година.
Така, за производителите на автомобили, инсталацијата на „црни кутии“ ќе стане стандардна. Црните кутии ќе треба да обезбедат информации во рок од 20 секунди пред несреќата.
Покрај тоа, се развиваат и други безбедносни решенија, како што се системот за детекција на пешаци или автоматско прилагодување на брзината на возилото, врз основа на ограничувања во сообраќајот (ISA систем).
V2X комуникација
Комуникациската технологија V2X (возилото до животната средина) во моментов е најбрзорастечки сегмент во автомобилската индустрија. Решенијата засновани на оваа технологија ќе му овозможат на возилото да комуницира со кој било уред преку специјални модули за пренос и сензори.
Ова ќе обезбеди комуникација помеѓу две или повеќе возила (V2V), потоа помеѓу возилата и инфраструктурните елементи, како на пример, идентификација на сообраќаен знак (V2I), комуникација на возила со електрична мрежа (V2G), како и возила со луѓе (V2P).
Автономно возење
Автомобилите што можат да преминат одредена рута без интервенција на возачот и да ги извршуваат сите потребни маневри (на пр. сопирање, запирање, паркирање …) не се повеќе научна фантастика, туку стануваат реалност тестирана од автомобилски компании Waymo, Tesla…
Car Sharing или услуга за споделување на автомобилите
Овие услуги се состојат од обезбедување финансиски надоместок на за корисниците на возила. Благодарение на мобилните апликации, корисниците имаат пристап до флота автомобили што можат да се изнајмуваат за минута или со часови.
Извор: Додај Гас
Текстот Топ пет технолошки трендови кои ќе ја обележат автомобилската индустрија е превземен од USB.mk.